4.8 Особуко:
За 4-6 лица.
Состојки:
• 4 супени лажици путер за пржење
• 4 парчиња телешка потколеница, со
дебелина од околу 3 - 4 cm
(исечени попречно во однос на
коската)
• 4 средни моркови, ситно сечкани
• 4 стапчиња целер, ситно сечкани
• 1 kg зрели домати, излупени,
исечени на половинки, со
отстранета срцевина и исечени на
коцки
• 1 китка магдонос, измиена и грубо
исечкана
• 4 супени лажици путер
• 2 супени лажици брашно за
панирање
• 6 супени лажици маслиново масло
• 250 ml бело вино
• 250 ml супа од месо
• 3 средни главички кромид,
излупени и исечкани на мали
парчиња
• 3 чешниња лук, излупени и ситно
исечкани
• по 1/2 кафена лажица мајчина
душичка и оригано
• 2 ловорови листа
• 2 чешниња лук
• сол, свежо мелен црн пипер
Метод:
Стопете 4 супени лажици путер во
тавче и во него динстајте го
зеленчукот додека не пушти вода.
Извадете го зеленчукот од тавата.
Измијте ги парчињата телешка
потколеница, исушете ги, зачинете ги
и извалкајте ги во брашно. Истресете
го вишокот брашно. Загрејте го
маслиновото масло и пржете ги
парчињата на среден оган додека не
добијат златно кафена боја. Извадете
го месото и истурете го вишокот
маслиново масло од тавата.
Растопете ги соковите од месото во
тавата со 250 мл вино, ставете во
лонец и оставете полека да врие
некое време. Додајте 250 ml супа од
месо и додаjте ги магдоносот,
мајчината душичка, ориганото и
доматот во коцки. Зачинете со сол и
црн пипер. Потоа продолжете со
варењето. Ставете го зеленчукот во
тавата за печење, ставете го месото
врз зеленчукот и истурете го сосот
одозгора. Покријте ја тавата со капак и
ставете ја во рерната.
• Време во апаратот (мин): 120
• Ниво на решетка: 1
4.9 Полнети телешки гради:
За 4 лица.
Состојки:
• 1 парче леб
• 1 јајце
• 200 g мелено месо
• сол, црн пипер
• 1 кромид, исечкан
• магдонос, сечкан
• 1 kg телешки гради (со засечен џеб)
• супа од зеленчук (морков, праз,
целер, магдонос)
• 50 g сланина
• 250 ml вода
Метод:
Натопете го парчето леб во вода и
потоа исцедете го. Потоа измешајте го
со јајцето, меленото месо, солта,
црниот пипер, сечканиот кромид и
магдоносот. Зачинете ги телешките
гради (со засечен џеб во нив) и
наполнете го џебот со полнењето од
месо. Потоа цврсто затворете го
отворот. Ставете ги телешките гради
во тава за печење, додаjте ја супата
од зеленчук, сланината и водата.
Свртете го печеното месо по околу 30
минути.
• Време во апаратот (мин): 100
• Ниво на решетка: 2
4.10 Јагнешки бут:
За 6-8 лица.
Состојки:
• 2,7 kg јагнешки бут со коска
• 30 ml маслиново масло
• сол
• црн пипер
• 3 чешниња лук
• 1 китка свеж рузмарин (или 1
супена лажица сув рузмарин)
• вода
www.aeg.com8
Comentários a estes Manuais