AEG BS836680HM Livro de Receitas Página 16

  • Descarregar
  • Adicionar aos meus manuais
  • Imprimir
  • Página
    / 36
  • Índice
  • MARCADORES
  • Avaliado. / 5. Com base em avaliações de clientes
Vista de página 15
100 g козјо сирење
2 супени лажици маслинки
1 јајце
60 ml слатка павлака
Друго:
Црн плех за печење, подмачкан, со
дијаметар од 28 cm
Метод:
Ставете ги брашното, маслиновото
масло и солта во сад за матење и
мешајте ги додека смесата не заличи
на лебни трошки. Додајте вода и
измесете тесто. Оставете го тестото
да стои во фрижидер неколку часови.
Потоа развлечете го тестото и ставете
го во подмачканиот црн плех за
печење. Избодете го дното со
вилушка. Во тавче ставете 1 супена
лажица маслиново мало. Излупете го
кромидот, исечете го на тенки резанки
и покриен динстајте го на масло околу
30 минути. Зачинете со сол и црн
пипер и ставете 1/2 кафена лажичка
сечкан магдонос. Оставете го
кромидот малку да се излади, а потоа
распоредете го по тестото. Потоа
одозгора распоредете ја рикотата и
козјото сирење и додајте маслинки.
Наросете одозгора 1/2 кафено лажиче
сечкана мајчина душичка. За да го
направите филот, измешајте ги заедно
јајцата и киселата павлака. Истурете
го филот врз погачата.
Време во апаратот (мин): 45
Положби на решетките: 1
7. КОЛАЧИ И ПЕЧИВА
7.1 Колач со бадеми:
Состојки за мешавината:
5 јајца
200 g шеќер
100 g марципан
200 ml маслиново масло
450 g брашно
1 супена лажица цимет
1 пакетче прашок за печиво (околу
15 g)
50 g сечкани ф’стаци
125 g мелени бадеми
300 ml млеко
Состојки за преливот:
200 g џем од кајсии
5 супени лажици шеќер во прав
1 кафена лажичка цимет
2 супени лажици топла вода
тенко сечкани бадеми
Друго:
Плех за печење со дијаметар од 28
cm со калап што се отвора
Метод:
Изматете ги заедно јајцата, шеќерот и
марципанот 5 минути, а потоа полека
додавајте маслиново масло.
Измешајте ги заедно брашното,
циметот и прашокот за печиво, а потоа
додајте ги сечканите ф’стаци и
мелените бадеми. Потоа внимателно
додајте ја оваа мешавина во смесата
со јајца заедно со млекото. Ставете ја
смесата во плех за печење со калап
што се отвора посипан со лебни
трошки.
Време во апаратот (мин): 70
Ниво на решетка: 2
По печењето:
Загрејте го џемот од кајсии и
намачкајте го врз колачот со четка.
Оставете да се излади. Измешајте ги
заедно шеќерот во прав, циметот и
топлата вода, а потоа премачкајте го
колачот. Потоа веднаш посипете ги
тенко сечканите бадеми врз
глазираната површина на колачот.
7.2 Колачиња:
Состојки:
250 g чоколадо за готвење
250 g путер
375 g шеќер
2 пакетче ванилин шеќер (околу 16
g)
1 прстофат сол
5 супени лажици вода
5 јајца
375 g ореви
250 g брашно
1 кафена лажичка прашок за
печиво
Метод:
www.aeg.com16
Vista de página 15
1 2 ... 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 ... 35 36

Comentários a estes Manuais

Sem comentários